Астон Вила дојде до неверојатна пресврт-победа од 3-2 против Евертон во 4. коло од Премиерлигата, со уште поневеројатен феноменален погодок на Џон Дуран за победа на домашните.
Евертон одлично го почна мечот поведувајќи со 0-2, со головите на МекНил во 16. минута и Калверт-Левин во 27. минута.
Но, потоа следеше пресвртот. Најпрво, во 36. минута Воткинс намали на 1-2, потоа во 58. минута истиот играч го израмни резултатот, за да потоа во 76. минута следи најзначајниот момент на мечот.
Нововлезениот Џон Дуран во 76. минута од 25 метри испрати вистинска „бомба“, ретко видена на фудбалските терени, за комплетен пресврт и победа на Астон Вила од 3-2. На тоа што го гледа не можеше да верува и голманот на Астон Вила, Мартинез, но и целиот стадион.
За Евертон ова беше втор едноподруго натпревар со пресврт-пораз по водство од 2-0. Евертон остана на последната позиција на табелата со четири порази од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА