Неверојатна драма на Димитријевиќ и Уникс за голема-пресврт победа во финалето во ВТБ-лигата (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ приредија неверојатна драма во вториот натпревар од финалната серија во ВТБ лигата против Локомотива Кубањ за израмнување на 1-1 во финалето.

Уникс триумфираше со 79-76 по неверојатен пресврт, и покрај тоа што на четири минути до крајот имаше и негатива од 63-73. Но, со извонредна серија од 16-3, на крај Нено и неговиот тим дојдоа до победа за израмнување во финалната серија на 1-1.

Во главно израмнет меч во кој Уникс одлично почна добивајќи ја првата четвртина со 24-19, сепак Локомотив во продолжението успеа да се врати и да контролира се, но само до пред финишот. На четири минути пред крајот, Локомотив имаше предност и од 63-73, но ниту тоа не им беше доволно по одличниот ритам на домашните во последните минути.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со 15 поени, притоа запечатувајќи ги и последните два поени на Уникс за конечната победа од 79-76. Македонскиот кошаркар дополни и со два скока, две асистенции и две украдени топки во 30 минути минати на паркетот. Најдобар во победничкиот тим беше Рејнолдс до 19 поени и пет скока.

Се вчитува...