Одбојкарите на Словенија се првите финалисти на Европското првенство 2021 откако во неверојатно драматично полуфинале во Катовице славеа во четири сета против домаќинот Полска.
Полска одлично го почна мечот добивајќи го првиот сет со 25-17, но се потоа беше во знакот на Словенците. Откако следните два сета Словенија ги доби со 30-32 и 16-25, четвртиот сет беше вистинска драма кој траеше речиси еден час.
Домашните одбојкари на Полска спасија дури девет сет топки во четвртиот сет. Во два наврати и „челинџот“ по прегледаните снимки ги спаси од пораз, но на крај мораа да се помират со загубениот четврти сет од неверојатни 35-37.
Во финалето Словенија ќе игра против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Србија и Италија која почнува од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА