НЕВЕРОЈАТНА ГЛАДИЈАТОРСКА БИТКА ВО МЕЛБУРН: Алкараз од врвот до бездната, па повторно до „рајот“! (ВИДЕО)

Феноменално полуфинале на Австралија Опен одиграа Карлос Алкараз и Александар Зверев со неверојатни пресврт и на крај победа на Алкараз во пет сета по огромна драма.

Алкараз одлично го почна мечот добивајќи ги првите два сета со 6-4 и 7-6. Но, на крајот од третиот сет се случи ситуацијата која целосно го сврте ова полуфинале на Австралија Опен.

Шпанецот при  водство од 2-0 во сетови и 5-4 во третиот, почувствува болки што го натераа да побара медицински тајм-аут.

Поради ова, Зверев се налути на главната судијка на овој натпревар, Србинката Маријана Вељовиќ, прекорувајќи ја што не го пушти часовникот за да го измери дозволениот прекин.

„Зошто не го пушти часовникот? Грчеви се, зошто не почнува времето?“ – урлаше Саша на Маријана, а таа се обиде да се одбрани:

„Не можам да знам дали се грчеви или повреда.“

Потоа Алкараз разговараше со Вељовиќ, и и објасни што го мачи, а Зверев отиде во својот бокс повторувајќи:

„Ова се глупости!“

Потоа постојано повторуваше „грчеви, грчеви“ на германски и постојано беше гласен, викајќи по Србинката и главниот супервизор на натпреварот за паузата и целата ситуација.

„Ова е ср.ње, ова ср.ње“ – постојано повторуваше Зверев.

Мечот продолжи, со тоа што Алкараз очигледно се мачеше со грчевите, па Зверев ги доби следните два сета со 7-6, за израмнување во сетови на 2-2.

И во петтиот сет вистинска драма. Зверев брзо направи брејк па дојде до водство од 5-4 и сервис за победа. Но, Алкараз во тие моменти се разбуди на вистински начин доби брејк за 5-5, а потоа ги доби и следните два сета за 7-5 во петтиот сет и пласман во полуфиналето, каде ќе го очекува подобриот од второто полуфинале меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...