Неверојатен натпревар со шест гола ни приредија Астон Вила и Брентфорд кој заврши без победник (3-3) како дел од 32. коло во англиската Премиер-лига.
Домаќините стигнаа до водство со 1-0 со голот на Воткинс во 39. минута. 2-0 беше уште на стартот на вториот дел откако прецизно во 46. минута стрелаше Роџерс. Следуваше блиц-криг на гостите кои со три гола од 59. до 68. минута (Занка, Мбуему, Виса) успеаја да стигнат до целосен пресврт од 2-3. Конечните 3-3 беа дело на Воткинс во 81. минута.
Aston Villa [3] – 3 Brentford – Ollie Watkins 81′
byu/ganiganiu insoccer
Фудбалерите на Њукасл стигнаа до минимален триумф на гостувањето кај Фулам од 0-1. Клучниот момент се случи во 81. минута кога Бруно Гимараеш го постигна погодокот вреден три бода.
Fulham 0 – [1] Newcastle – Guimaraes B 81′
byu/ganiganiu insoccer
РЕЗУЛТАТИ ПРЕМИЕРЛИГА 32. КОЛО:
АСТОН ВИЛА – БРЕНТФОРД 3-3
ЕВЕРТОН – БАРНЛИ 1-0
ФУЛАМ – ЊУКАСЛ 0-1
ЛУТОН – БОРМУТ 2-1
ВУЛВЕРХЕМПТОН – ВЕСТ ХЕМ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА