Македонија има негатива од 3-1 против Велс по првото полувреме на гостувањето во Кардиф во последниот натпревар кој одлучува за втората позиција во групата во квалификациите за СП 2026. Тоа што беше најсилно наш оружје низ овој квалификациски циклус – одбраната, овој пат комплетно потфрли. Во практично хаотичен натпревар со многу грешки и на двете страни но со далеку полуцидни домаќини во нападот, дозволивме повеќе од наивни први два гола на Велшаните во само три минути, а потоа и покрај брзото враќање, уште еден одличен гол на Велс за 3-1.
Велшаните очекувано со активни напади го почнаа мечот, па Брукс веќе во 2. минута имаше обид, но над голот на Столе Димитриевски. Но, Македонија возврати преку Алими со шут од 18 метри во 8. Минута, сепак и тој непрецизен над голот на домашните.
И, во 17. минута без игра од првиот влез во шеснаесетникот Велшаните добиваат пенал. Стојчевски го собори Брукс пред нашиот гол, под крајно сомнителна ситуација, во која главниот судија, сепак, се одлучи да не се консултира со ВАР, па во 18. минута Хари Вилсон од пенал носи водство за Велс од 1-0.
Велшаните продолжија со нападите и веќе во 21. минута напад по левата страна, а одличното нафрлање пред голот на Димитриевски, со гол го крунисува Брукс за 2-0.
Но, по само две минути брз контранапад на македонската селекција, одлична асистенција на Дарко Велковски во длабочина проигрувајќи го Бојан Миовски, кој откако сам избива пред домашниот голман прецизно стрела за 2-1.

Во 35. минута, Вилијамс доаѓа во ситуација шетајќи се пред нашиот гол, шутира осамен од десеттина метри но извонредна интервенција на Столе Димитриевски и топката завршува во левиот дирек од нашиот гол. И веќе во 37. минута, извонреден гол на Бренан Џонсон со шут од 18 метри во горниот агол од голот на немоќниот Димитриевски.
И во 42. минута, одлично изведен слободен удар на Енис Барди, но уште подобра одбрана на домашниот голман за конечни 3-1 по првите 45 минути.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 – ГРУПА Ј (8. коло)
ВЕЛС – МАКЕДОНИЈА (3-1)
Стадион „Кардиф сити“ во Кардиф. Гледачи: 32.000. Главен судија: Дани Мекели (Холандија). Помошници: Стигстра и Де Врис (Холандија). ВАР судија: Пол Ван Бокел (Холандија). Стрелци: Вилсон 18’(п), Брукс 21’, Џонсон 37′ (В) – Миовски 23’(М). Ж. Картони: Костадинов, Димитриевски (М).
ВЕЛС: Дарлов, Вилијамс, Лолор, Дасилва, Родон, Брукс, Вилсон, Кулен, Џонсон, Џејмс, Шихан
Селектор: Крег Белами
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Илиевски, Зајков, Велковски, Стојчевски, Ашковски, Алими, Костадинов, Барди, Елмас, Миовски
Селектор: Благоја Милевски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

