Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја одбележа вечерта во НБА лигата, во триумфот на Денвер на гостувањето против Јута од 95-98.
Јокиќ дојде до нов „трипл-дабл“ од 30 поени, 21 скок и 10 асистенции, издвојувајќи се во составот на победничкиот тим во кој најефикасен, сепак, беше Џамал Мареј со 31 поен.
Бруклин славеше против Голден стејт со 129-88, во меч во кој се издвои Карис Лаверт со 23 поени, додека на спротивната страна Д’Анџело Расел запиша 17 поени.
Во останатите мечеви, Детроит го победи Феникс со 116-108, Бостон на домашен терен беше подобар од Орландо со 116-100, а Торонто славеше против Индијана со 119-118. Оклахома го победи Кливленд со 109-103 додека Далас загуби од Мемфис со 107-121. ЛА Клиперс беа подобри од Мајами победувајќи со 128-111.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

