Неверојатна приказна доаѓа од Велс – Ќе играат во Европа, а за клубот настапуваат бесплатно

Неверојатна приказна испишаа фудбалерите на универзитетот Кардиф Метрополитан, екипа која се натпреварува во велшката лига. Кардиф регуларниот дел од сезоната го заврши на седмото место на првенствената табела, која го одведе во плеј-аут лигата.

Во плеј-аут лигата тие го освоија првото место, со што добија шанса за борба за место во квалификациите во Лигата на Европа со екипите на Карнерфон, Њутон и Бала таун, кои беа  трети, четврти и петти во плеј-офот.

Во првиот меч тие го совладаа Карнерфон нагости со 3-2, а за влез во претколото во Лигата на Европа мораа во финалето да го победат Бала таун. По 120 минути игра резултат беше 1-1, а Кардиф славеше по изведувањето на пеналите, откако голманот на тимот успеа да одбрани три удари од белата точка.

Интересен е фактот што екипата на Кардиф е составена од студентите на универзитетот кои играат бесплатно за клубот. Потенцијални противници во Лигата на Европа ќе бидат Европа од Гибралтар, Рунавик и Класвик од Фарски Острови, освојувачот на купот во Косово и по еден претставник од Луксембург и Андора. Првите натпревари од првото претквалификациско коло во Лигата на Европа е закажано за 27. јуни, а реваншите се на 4. јули.

Се вчитува...