16-годишното момче по име Камилчан Агдаш било извлечено од урнатините по 119 часа. Тој беше однесен во болница на прегледи без сериозни повреди, а многумина при неговото спасување забележаа дека носи дрес на Фенербахче.
По спасувањето најпрвин прашал: „Кој ден е денеска?“, но исто така изјави дека заспал во дресот на неговиот омилен клуб Фенербахче бидејќи го гледал натпреварот таа вечер
По тој повод на социјалните мрежи се огласи клубот од Истанбул.
„Во 119. час повторно сме во солзи, уште еднаш веруваме во чуда! Имаме уште многу натпревари пред нас, те чекаме од Камилчан“, стои во соопштението на турскиот великан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА