Фудбалерот Тифу Бифума имаше неверојатен фудбалски трансфер. За 13 години смени дури 16 клуба, а изминатото лето ја напушти Грција, и замина во Иран во тимот на Естеглал. И имал силна причина за тоа.
Бифума признава дека сакал еднаш во кариерата да заигра против својот идол Кристијано Роналдо. Кога видел дека Естеглал ќе игра против Ал Наср во азиската Лига на шампиони, не се двоумел воопшто.
„Сакам да играм против Кристијано Роналдо пред да се пензионирам. Слушнав за интересот на Естеглал, а потоа го погледнав нивниот распоред, знаејќи дека тоа е азиски клуб. Видов како играат против Ал-Наср и си реков: „Ова е тоа, ова е мојот клуб“ – објасни Бифума.
Она што 32-годишниот Бифума не го забележал е дека има два клуба во Иран кои се викаат Естеглал.
„Дојдов во Техеран, а во хотелот ме посети мојот сонародник Гаел Какута. Му објаснив што ми е поентата. Еден час откако замина ми се јави повторно и ми се смееше. Ми рече дека јас играм за „помалиот“ Естеглал, дека тој што игра против Ал Наср е „големиот“. Тогаш сфатив што направив“, рече Бифума.
Сепак, смета дека не му паднало тешко.
„Не ми беше грижа затоа што мојот Естеглал славеш против оној „поголемиот“, а јас го постигнав единствениот гол“, изјави Бифума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

