Неверојатна приказна ни доаѓа од Германија, каде третолигашот Сарбрукен во неверојатен натпревар славеше над најтрофејниот Баерн Минхен со 2-1 во 1/16 финалето од Националниот куп.
Гостите брзо стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Томас Милер во 14. минута. До крајот на првиот дел домаќините израмнија преку Сонтхајмер во 45. минута. Најголемата победа во историјата на овој клуб ја донесе Гаус во 96. минута.
Saarbrucken [2]-1 Bayern Munich – Marcel Gaus 90’+6′
byu/Meladroitdeposter insoccer
Во останатите мечеви: Херта – Мајнц 3-0 и Викторија Келн – Ајнтрахт Франкфурт 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА