Алкалоид дојде до победа на гостувањето кај Бутел Скопје со 37-21, после неверојатно добра игра во второто полувреме. Бутел се држеше добро само во првите 30. минути, а потоа избраниците на Кире Лазаров со неверојатна серија од 13-0, стигна од 15-16 до 30-16, и до крајот само рутински ја одработија задачата.
Бутел почна со предност, но Алкалоид успеа да се врати, и да поведе со три гола. Меѓутоа Бутел добро го држеше противникот, успеа повторно да води, за на крајот Алкалоид по првиот дел да замине само со гол позитива (15-16).
Потоа им падна „мрак“ пред очи на ракометарите на Бутел. Долго време беа без гол, а Алкалоид ја полнеше мрежата за неверојатна серија од 13-0 што беше клучна за триумфот.
Најефикасен беше Иван Џонов кој постигна осум голови, додека Костески постигна седум. Кај Бутел Узунчев постигна седум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

