Неверојатна ситуација: Собирач на топчиња прекина поен на Австралија опен (ВИДЕО)

Невообичаена ситуација се случи на натпреварот на Австралија опен меѓу Карен Хачанов и Александар Ковачевиќ. Имено, при резултат 6-4, 2-1 и брејк топка за Американецот, еден удар на Ковачевиќ наместо на земја, заврши во рацете на собирачот на топки.

Иако топката очигледно паѓаше надвор од границите на теренот, судијата досуди повторување на поенот, по што Русинот збесна и побара од главниот судија да му ги објасни тениските правила.

Сепак, на крајот, Ковачевиќ покажа фер-плеј и му го призна поенот на противникот, за што беше награден со овации од австралиската публика.

Се вчитува...