Аргентина стигна до титулата светски првак, продолжувајќи ја неверојатната традиција која вели дека селекциите кои ја елиминирале Хрватска на големите натпреварувања, потоа стигнувале до круната на истите.
Само за потсетување, Аргентинците во полуфиналето беа подобри од Хрватска, додека Франција пред четири години стигна до трофејот откако во големото финале ги совлада „коцкестите“.
Португалија е уште една селекција што ја елиминирала Хрватска и потоа стигнала до пехарот, и тоа на ЕП 2016 откако Португалците во осминафиналето ги совладаа „коцкестите“ со 1-0.
Франција на СП 1998 во полуфиналето славеше над Хрватска, за во големото финале да го победи и Бразил на патот до титулата, а ова „непишано правило“ важеше и на ЕП 1996, откако Германија стигна до титулата, претходно во четвртфиналето славејќи над Хрватите со 2-1.
You have to beat Croatia in the knockouts to be the champion…
2022 🇦🇷
2018 🇫🇷
2016 🇵🇹
1998 🇫🇷
1996 🇩🇪— GR4N1NHO🇭🇷 (@Gran1nh0Hiding) December 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА