Неверојатна суспензија од цели 25 меча за ѕвездата на Милвоки

Неверојатно висока казна од НБА-лигата за ѕвездата на Милвоки бакс, Боби Портис.

НБА се одлучи на драстични казни за кошаркарите кои не ги почитуваат правилата, па Портис доби казна од неверојатни 25 меча суспензија поради кршење на анти-допинг програмата. Портис е една од водечките ѕвезди на Милвоки, заедно со Демијан Лилард и Јанис Адетокубмо.

Кошаркарот на Милвоки бил позитивен на лекот „Трамадол“ кој не е дозволен во НБА-лигата.

Портис оваа сезона во просек постигнува по 13,7 поени, 8,2 скокови и 2,2 асистенции по натпревар.

Се вчитува...