Неверојатна тактика: Американците го најдоа лекот за слободните удари на Меси (видео)

Лионел Меси низ кариерата постигна бројни фантастични погодоци од слободен удар, но тоа во иднина ќе му биде многу потешко ако ривалите решат да ја ископираат тактиката на Солт Лејк Сити од синоќешниот дуел со Интер Мајами.

Меси доби слободен удар на триесетина метри од противничкиот гол, се подготвуваше да го изведе кога беше изненаден од противникот. Во живиот ѕид се најдоа само двајца фудбалери, но затоа сите останати се повлекоа пред самиот петерец, пречејќи му во видикот на аргентинскиот генијалец, а по еден гостински играч стоеше крај левиот и крај десниот дирек.

Лео шутираше маестрално во горниот лев агол, но еден фудбалер стоеше токму таму и го спречи да постигне нов еврогол.

Тактиката е чудна, но ефективна…

Се вчитува...