Неверојатна трансформација на Аршавин – Некогаш беше „пијаница“ сега е интелектуалец (ФОТО)

Првпат светот со мајсториите на Андреј Аршавин се запозна во 2008 година кога младиот Русин воодушевуваше на Европското првенство. По одличните изданија на ЕВРО 2008 тој направи трансфер во Арсенал каде помина неколку сезони, а се уште се зборува за неговата партија на „Енфилд“ кога на Ливерпул му даде четири гола.

По авантурата на „Емирати“ следеше враќање во Русија во екипата на Зенит, а кратко беше член и на Кубан, по што кариерата ја заврши минатата сезона во казахстанскиот Каират. Како доаѓаше падот на формата тој вниманието на јавноста го привлекуваше со скандали. Стана склон на алкохол, па во една ситуација потполно пијан јаваше на коњ во еден руски клуб.

Во последно време 39-годишникот тотално се промени. Веќе не е „пијаница“, туку сега се труди да изгледа како интелектуалец. Тој работи во младинските категории на Зенит каде вели дека тотално го променил начинот на живот и сега е далеку подобар.

 

 

View this post on Instagram

 

Взгляд в………?⚽??

A post shared by Andrey Arshavin (@andrey.arshavin10) on

Се вчитува...