Неверојатна врска – Кастро и Марадона починаа на ист ден

Светот се уште е во шок по прераната смрт на најдобриот фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона. Тој почина на 25. ноември, односно истиот ден кога светот го напушти и неговиот добар пријател Фидел Кастро.

Марадона го имаше истетовирано ликот на Кастро на своето тело, а никога не криеше, туку напротив отворено кажуваше колку се воодушевува на некогашниот лидер на Куба. Дека некогаш судбината си поигрува со нашите животи покажува фактот што и Фидел Кастро почина на истиот датум (25. ноември) 2016 година. Пријателството меѓу Кастро и Марадона посебно се развиваше во периодот од 2000 до 2004 година кога Дон Диего во Куба се лечеше од зависноста од кокаин.

„Не сум комунист, туку Фиделист до смрт“, знаеше во многу наврати да каже Марадона. 

Кастро почина во 2016 година исто така на 25. ноември, односно три ипол месеци по неговиот 90 роденден.

Се вчитува...