Неверојатната Софија Гоџија стигна до победа на спуст трката која се возеше во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Откако на вчерашната трка Италијанката го освои второто место со скршена шака, замина на операција во Милано, а по нешто помалку од 24 часа извозе неверојатен спуст со кој стигна до нова победа во сезоната во алпско скијање во Светскиот куп.
Таа спустот во Сент Мориц го заврши со време од 1:28.85 минута, што беше за 43 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Илка Штухец од Словенија, додека подиумот го надополни Германката Кира Вајлд со 52 стотинки заостанување зад времето на победничката.
Утре дамите ги очекува супервелеслаломска трка исто така во швајцарскиот Сент Мориц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА