Младата пливачка од Босна и Херцеговина, Лана Пудар е новата европска шампионка на 200 метри делфин, приредувајќи вистински сензационален резултат на Европското првенство кое се одржува во Рим.
„Не верувам дека Пудар ќе издржи, но да видиме. Сите во Босна и Херцеговина ќе речат дека може, но сигурно ќе се замори во последните 50 метри. Ова ќе биде неверојатно ако издржи до крајот“ – беше воведниот став на коментаторот, за да како трката привршува полека се менува:
„Знаете што, ќе издржи до крај. Ова е извонреден начин на пливање на 200 метри. Какво пливање. Неверојатно пливање на Лана Пудар, мислев дека ова и е промашена тактика, но таа знае подобро од мене“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА