Американската скијачка Линдзи Вон повторно го воодушевува светот. Само 25 дена по нејзиниот тежок пад на Зимските олимписки игри, Вон се огласи на социјалните мрежи за да покаже како веќе повторно тренира.
Видео објавено на Инстаграм покажува како 41-годишна Американка вежба во теретана.
Иако, се уште и со поддршка на инвалидска количка, сепак Вон дури веќе и станува од неа и продолжува да вежба.
„Ова се дефинитивно тешки времиња, но сепак сум благодарна. Работам напорно. Единствената цел е повторно да се опоравам. Ден по ден“, рече Вон.
View this post on Instagram
На 8 февруари, Вон доживеа силен пад на олимписката патека за спуст по само 13 секунди возење.
Подоцна таа ги откри деталите за повредата, наведувајќи дека покрај фрактурата, имала и компартмент синдром, опасна состојба во која крвта се акумулира во оштетеното ткиво и може да доведе до смрт на мускулите, нервите и тетивите.
Итна операција и ја спасила ногата, а процедурата ја извршил американскиот хирург Том Хакет.
Според неа, токму оваа интервенција ја спречила ампутацијата.
Иако, според проценките, ќе биде потребна околу една година за сите коски целосно да заздрават, Вон вели дека откажувањето не е опција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

