Кајли Мекион го собори светскиот рекорд на 100 метри грбно во базени од 25 метри на австралиското државно првенство. Актуелната олимписка шампионка на 100 и 200 метри грбно ја запре стоперката на 54.56 и за 33 стотинки ја помести границата од соништата што ја поседуваше друга Австралијка, Мина Атертон.
По Олимпијадата во Париз, каде што освои злато на 100 и 200 метри, 23-годишната Мекион рече дека и е здодевно да седи дома и се пријавила за националните првенство во Аделаида.
Кајли веќе се квалификуваше за Светското првенство во мали базени во Будимпешта во декември благодарение на нејзините олимписки победи, но рече дека се уште не е сигурна дали ќе плива во главниот град на Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА