Доминик Кузмановиќ блеска на голот на Хрватска на овој светски шампионат и заедно со Нилсен и со Волф дефинитивно е дел од најдоброто голманско трио на СП 2025.
Чуварот на мрежата на Гумерсбах ги освои симпатиите до извонредните одбрани, начинот на прослава со кој предизвикува еуфорија меѓу фановите во „Арена“ во Загреб, а утрово за него се појави и приказна во „Вечерњи лист“, прераскажана од поранешната наставничка на Кузма, Сања Ороз.
„Колку е ова момче прекрасно… Како поранешна ракометарка и негова наставничка имавме чести разговори за ракометот, ги водевме на натпревари. Во осмо одделение го прашав во кое средно училиште ќе се запише, ми кажа дека ќе оди во Дуго Село, затоа што таму ќе може да продолжи да тренира. Тој беше одличен ученик и ми беше чудно, го прашав што ќе се случи ако не успее со ракометот, само ми одговори: Ќе успеам… Само му одговорив… кога ќе стане успешен да се сети на својата учителка и да и подари еден билет за натпревар. Тоа беше наш договор пред осум години. Во понеделникот добивам порака од него: Учителке имам билет за вас ако можете и ако сакате да дојдете, искрено баш ме израдува. И така, благодарение на него го гледав во живо она чудо со Унгарија. Само нека те служи здравје драги Кузма, голем си уште сега“, напиша Сања Ороз на својот фејсбук профил, пренесе весникот „Вечерњи Лист“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА