Неверојатната Сабаленка ја освои титулата на УС опен

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и повеќе од заслужено стигна до трофејот на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен откако во финалето славеше над домашната претставнича Џесика Пегула со 2-0, по сетови 7-5 и 7-5.

Иако прва направи брејк во првиот сет Пегула (1-2), Сабаленка веднаш возврати и поведе со 5-3. Американката некако успеа да се врати и да израмни на 5-5, но откако Белорусинката го доби својот сервис гем за 6-5, лесно стигна и до освојување на првиот сет со 7-5.

Сабаленка отвори одлично и во вториот сет и брзо стигна до 3-0. Не успеа да искористи брејк топка во четвртиот гем, по што следуваше серија на Пегула која успеа да поведе со 3-5, по што следуваше нова серија на Сабаленка која со серија од четири гема славеше со 7-5 и стигна до титулата на УС опен.

За Сабаленка ова е прв УС опен и вкупно трета гранд-слем титула откако претходно двапати славеше и на Австралија опен.

Се вчитува...