Фантастичната американска гимнастичарка Симон Бајлс освои златен медал во прескок на Светското првенство во Штутгарт и го израмни рекордот на Белорусинот Витали Шчербо по бројот на освоени медали на светските медали (23). Бајлс ја одбрани титулата светска шампионка во прескок со резултат 15.399 и зад себе ја остави сонародничката Џејд Кери. Брозениот медал и припадна на Британката Ели Дауни.
Симон Бајлс имаше шанса и да го урне рекордот на Шчербо, но натпреварувањето на двовисински разбој го заврши на петтото место. Неверојатната гимнастичарка освои барем еден златен медал на секој шампионат на светот на кој настапи во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА