Ракометарите на Вардар имаат предност од 16-17 по првото полувреме на гостувањето против Е. Пелистер во Битола во една од клучните пресметки во борбата за шампионската титула во Суперлигата на Македонија.
Во вистинска „војна“ на паркетот, „вардарци“ далеку подобро го почнаа мечот со водство од 1-5. Потоа домашните успеаја да се вратат во игра за намалување на само еден гол негатива пред полувремето.
Крајно специфично е што во првите 30 минути судиската двојка Начевски – Николов досудија вкупно дури 16 пенали, како последица на жестоката битка меѓу двата тима. Девет од нив беа за домашните, а седум за Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА