Фудбалската инфлација во последните децении достигнува неверојатни размери, а тоа најдобро се гледа кога се споредуваат поранешните големи трансфери со денешните цени на играчите.
Согласно највалидната светска страница за инфлациски пресметковни споредби на најголемите фудбалски трансфери во историјата, Македонија го има еден од најголемите Топ 10 трансфери во фудбалот, на сите времиња.
Најдобриот македонски фудбалер во историјата, Дарко Панчев е во Топ 10 најголеми трансфери на сите времиња во светот! Трансферот од Црвена Звезда во Интер во 1992 година кој во тоа време изнесуваше 10,8 милиони фунти, или околу 12 милиони евра, според официјалните светски пресметки во денешно време би изнесувал неверојатни 152 милиони фунти, или 168 милиони евра!

Најголем трансфер на сите времиња, пак, е оној на Џанлука Вијали од Сампдорија во Јувентус во 1992 година за 14,85 милиони фунти, што во денешно време би биле 210 милиони фунти.
На второ место е Нејмар со трансферот од Барселона во ПСЖ во 2017 година за 202 милиони фунти, а на третото место оној на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид во 2009 година за 195 милиони фунти.
Потоа следат Ромарио (ПСВ во Барселона, 1993 година, 167 милиони фунти), па Герет Бејл (Тотенхем во Реал Мадрид, 2013 година, 166 милиони фунти), Рио Фердинанд (Лидс во Манчестер јунајтед, 2002 година, 158 милиони фунти), Зинедин Зидан (Јувентус во Реал Мадрид, 2001 година, 157 милиони фунти), Роналдо (Интер во Реал Мадрид, 2002 година, 155 милиони фунти), Ален Бокшиќ (Олимпик Марсеј во Лацио, 1993 година, 153 милиони фунти) и во Топ 10 е најдобриот македонски фудбалер, Дарко Панчев со трансферот од Црвена Звезда во Интер во 1992 година од 152 милиони фунти во денешно време.
НАЈВИСОКИОТ ТРАНСФЕР НА ЕДЕН ФУДБАЛЕР ВО ИСТОРИЈАТА – РЕАЛИЗИРАН ОД ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА ВО СТРАНСТВО
Тој трансфер, во висина од 168 милиони евра на македонската „Кобра“ е и убедливо и највисокиот трансфер на сите времиња, на еден фудбалер од земјите од поранешна Југославија во странство. Панчев, по висина на трансферот од Црвена Звезда во Интер, е пред Раде Богдановиќ (141 милиони евра), Предраг Мијатовиќ (109 милиони евра), Синиша Михајловиќ (96 милиони евра)…
Повеќе од зачудувачки, неверојатни бројки кои најдобро покажуваат колку се променил фудбалот – и колку експлодирал пазарот на играчи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

