Дел од фудбалерите на Манчестер сити и тоа како екстремно и бурно го прославија историското освојување на првата своја титула во Лигата на шампионите. Меѓу нив во прв ред и англискиот репрезентативец Џек Грилиш, кој како што велат медиумите кои ги следат прославите на Сити деновиве, буквално не се трезни три дена.
Уште во Истанбул за време на прославата и во хотелот беа очигледни лудориите на 27-годишниот фудбалери се до раните утрински часови.
Грилиш како воопшто да не прекинал со пиењето алкохол, па и тоа како изненадувачки чуден беше и при слетувањето на тимот во Манчестер, но и вечерва во текот на официјалната прослава пред навивачите на својот тим.
Grealish n’en finit plus 😭🍺 pic.twitter.com/ZKaO41wzy1
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 12, 2023
Во еден момент Ерлинг Халанд се обиде да го „отрезни“ со шампањ, но Грилиш и тоа како изгледа „одземено“ и прашање е кога се ова ќе престане за него. Прашање е дали ќе се отрезни па да стигне на натпреварите на англиската репрезентација против Малта и Македонија во квалификациите за ЕП 2024.
Erling Haaland really poured champagne on Jack Grealish during Man City’s parade 😂👏
(via @JackGrealish) pic.twitter.com/DTocQs2ZDo
— ESPN FC (@ESPNFC) June 12, 2023
Англија ја пречекува Македонија на 19. јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

