Неверојатни сцени на меѓународен меч под капа на ФИФА: Претседател на клуб во соблекувална на противнички фудбалер им делеше пари (ВИДЕО)

Неверојатни сцени на неодамнешниот натпревар од КОНКАКАФ Лигата на шампионите меѓу суринамската екипа Интер и Олимпија од Хондурас.

На теренот во тимот на Интер се појави и 60-годишниот Рони Брунсвијк, инаку сопственик на клубот и потпретседател на Суринам.

Човекот кој е под бројни истраги поради трговија со наркотици на теренот се појави како капитенот на тимот кој го поседува, но неговиот Интер на крајот загуби со 6-0.

За да се биде комплетно бизарно, по мечот се случија уште поневеројатни сцени. Брунсвијк во противничката соблекувална им делеше пари на фудбалерите од противничкиот тим кои буквално се „тепаа“ како да дојдат поблиску до потпретседателот на Суринам.

Поради снимката од соблекувалната покрената е истрага од страна на КОНКАКАФ и ФИФА. Контроверзниот Брунсвијк, но и Олимпија би можела да се соочи со казна поради случувањата во соблекувалната.

Се вчитува...