Неверојатни сцени во Албанија: Прими два гола, па сам го напушти теренот (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случија вчера во рамки од 18. коло во албанската Супер лига помеѓу Влора и Билис Балш. Голманот на Билис, Џереми Вашу, сам го напушти теренот откако прими два гола.

Францускиот голман во 42. минута одненадеж ги соблече ракавиците, се упати кон клупата, а потоа и кон соблекувалната, оставајќи ги во неверица сите присутни на клупата на неговиот тим.

Вашу заработи жолт картон поради неспортско однесување, но не е позната причината за ваквиот потег на 31-годишниот голман, но дефинитивно направи кои  не се гледа секојдневно.

После се, најверојатно Французинот ќе ја напушти екипата, особено што Билис го загуби мечот со 4-1.

Се вчитува...