Неверојатни сцени во Шпанија: Рафиња го тешеше расплаканиот Флик (ВИДЕО)

Барселона го победи Алавес со 3-1 на домашен терен во 14-то коло од Ла Лига. Актуелниот шампион на тој начин го презеде првото место од Реал, кој денес гостува кај Жирона во 21 часот. И покрај победата, тренерот на Барселона беше крајно разочаран. По натпреварот, камерата го фати како седи на работ на солзи, скаменет.

Потоа Рафиња, капитенот во победата против Алавес, му се приближи на клупата и се обиде да го утеши. Флик само кимна со главата на зборовите на својот играч, по што Бразилецот си замина. Германскиот тренер остана гледајќи во празно. Неверојатната сцена привлече големо внимание од јавноста штом беше објавена на социјалните мрежи.

На прес конференцијата по натпреварот Флик беше прашан што му рекол Рафиња, тој одговори:

„Ми го кажа истото што јас го кажав минатиот пат. Ми рече: ‘Ќе се подобриме и ќе бидеме подобри во следните натпревари’“, рече Флик.

Ова се однесуваше на зборовите на Флик после поразот од Челси во Лигата на шампионите од 3-0.

Се вчитува...