Неверојатни цифри: Шеј Гилџис го потпиша најголемиот договор во историјата!

Шеј Гилџис Александар го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА. Тој е првиот играч во историјата на лигата кој бил трикратен МВП во една сезона, како МВП на регуларната сезона, плејофот и Западната конференција.

Оклахома Сити Тандер ги победија Индијана Пејсерс во финалето и станаа шампиони на НБА.

Не долго потоа, за Канаѓанецот пристигна награда – нов договор и тоа не било каков договор, туку најголемиот во историјата на кошарката!

Според Шамс Чаранија, Шеј потпишал четиригодишен договор вреден дури 285 милиони долари!

Овој супер-максимален договор е најголемиот во историјата на кошарката и важи до јуни 2031 година.

Се вчитува...