Неверојатниот Де Коло со 39 поени за прв триумф на Фенербахче, Ц. Звезда по продолжението потклекна во Израел

Кошаркарите на Фенербахче стигнаа до првата победа сезонава во Евролигата, славејќи со 87-80 на домашен терен против Басконија во третото коло.

Турците се мачеа и на овој натпревар, но успеаја да го запишат првиот триумф благодарение само на феноменалниот Нандо Де Коло кој мечот го заврши со неверојатни 39 поени, дополнети и со три скока и три асистенции. Ниту еден друг кошаркар на Фенербахче на крајот немаше двоцифрен ефект.

Белградска Црвена Звезда, пак, сериозно го намачи Макаби Тел Авив но потклекна во продолжението. Макаби водеше низ три четвртина, но дозволи последниот период од играта Црвена Звезда да го добие со 12-20 за продолжение. Во продолжението Израелците стигнаа до победата од 84-69.

Во победничкиот тим се издвои Вилбекин со 16 поени, додека кај Црвена Звезда одличен беше Стратос Перпероглу со 18 поени и четири скока.

Се вчитува...