Неверојатниот Дончиќ броеше до 37, Србија ја декласираше Кина

Репрезентациите на Словенија и на Србија со победи го стартуваа Мундобаскетот. Словенците на крилата на најдобриот кошаркар Лука Дончиќ ја совлада селекцијата на Венецуела со 100-85. Дончиќ мечот го заврши со неверојатни 37 постигнати поени. Покрај тоа запиша седум скока и шест асистенции.

Венецуела беше селекцијата која имаше предност по првата четвртина, а потоа Словенија ја презеде иницијативата и ги доби следните две четвртини, а последната заврши во „егал“.

Србија со 105-63 ја совлада репрезентацијата на Кина. Србите немаа проблеми со аутсајдерот, иако немаа решение за Жао Риу кој со 17 поени беше најефикасен. Кај Србија Богдановиќ и Маринковиќ постигнаа по 14 поени.

Се вчитува...