Неверојатниот Французин од 141 килограм се бореше против 60 килограми полесен противник

Француската џудо репрезентација освои ново злато за домаќините на ЛОИ 2024, овој пат во мешовита комбинација, и повторно херој на нацијата беше спектакуларниот Теди Ринер.

Французите во финалето дојдоа до победа од 4-3 во борби над Јапонија, и покрај тоа што имаа негатива и од 1-3.

Но, на џудо турнирот посебно впечатлива беше борбата на Ринер против Јужнокореецот Ли Јон-Хван во претходната рунда, во која Французинот победи со ипон по само 94 секунди.

Не беше тоа ништо чудно ако се знае дека џудисот од Јужна Кореја беше 60 килограми полесен од Ринер, кој има 141,5 килограми.

Се работи, инаку, за дисциплина во која се можни и такви борби ако тренерите се одлучат за тоа.

Се вчитува...