Неверојатниот Халанд: Два гола за едно полувреме и нов рекорд во Премиер-лигата

Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити имаат убедлива предност од 3-0 на полувреме против Лестер во последниот натпревар од денешната програма во 31. коло во Премиер-лигата.

Стрелец на два гола за „граѓаните“ беше Ерлинг Халанд кој стигна до бројката од 32 сезонава, со што се израмни со Мохамед Салах како фудбалер со најмногу голови во една сезона откако во англиската елита се играат 38 натпревари.

До крајот на сезоната Халанд има за цел да го урне апсолутниот рекорд кој е во сопственост на Енди Кол и Алан Ширер кои своевремено сезоната ја завршуваа со по 34 постигнати погодоци.

 

Се вчитува...