Неверојатниот Халанд го водеше Сити до победа над Лестер (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер сити стигнаа до нова победа овојпат на домашен терен против Лестер од 3-1 во последниот натпревар од денешната програма во 31. коло во Премиер-лигата.

Стрелец на два гола за „граѓаните“ беше Ерлинг Халанд кој стигна до бројката од 32 сезонава, со што се израмни со Мохамед Салах како фудбалер со најмногу голови во една сезона откако во англиската елита се играат 38 натпревари. Првиот погодок беше дело на Џон Стоунс.

Голот за гостинскиот тим го постигна Ихеаначо во 75. минута.

Manchester City [3] – 0 Leicester – Erling Haaland 25′
by u/Todibo in soccer

 

Се вчитува...