Неверојатниот Халанд: Хет-трик за триумф над Вулверхемптон (ВИДЕО)

Манчестер сити е на само два бода од водечкиот Арсенал откако славеше убедливо со 3-0 на дуелот против Вулверхемптон во Премиерлигата.

А, творецот на победата на „граѓаните“ беше кој друг ако не Ерлинг Халанд кој ги постигна сите три погодоци на мечот.

Во 40. минута Халанд го отвори резултатот, а потоа во 49. минута погоди од пенал, за да хет-трикот го заокружи со погодок во 54. минута.

Манчестер сити сега е со 45 бода на второто место, но и со два натпревари повеќе од водечкиот Арсенал.

Во вториот попладневен натпревар во Премиерлигата, Лидс и Брентфорд одиграа без голови.

Се вчитува...