Неверојатниот Ингебригтсен собори светски рекорд после 28 години

Одличниот норвешки атлетичар Јакоб Ингебригтсен постави нов светски рекорд на 3000 метри. Тој го постави рекордот за време на Дијамантската лига во Хорзов, Полска.

Норвежанецот јамина целта за 7:17.55 минути, што беше за три секунди подобро од претходниот светски рекорд на Даниел Комен од Кенија пред 28 години во Риети.

Ингебригтсен, кој претходно овој месец ја освои титулата олимписки шампион на 5000 метри во Париз, сега е актуелен светски рекордер на 2000 и 3000 метри на отворено и на 1500 метри во сала, а исто така е европски рекордер на 1500 метри и на една милја.

Рекордот поставен од Норвежанецот, може да го видите ТУКА.

Се вчитува...