Неверојатниот Јокиќ – Тројка од половина терен со звукот на сирената за победа на Денвер (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер славеа против Голден стејт со 130-127, со тројката на Никола Јокиќ со звукот на сирената.

Српскиот кошаркар погоди тројка од речиси половина терен преку рацете на Кевон Луни и донесе нова победа за Денвер. Јокиќ мечот го заврши со 34 поени, 10 асистенции и 9 скока во пресвртот на Денвер по заостанување и од 18 поени.

Претходно, Јокиќ на  26 секунди пред крајот го израмни резултатот, а откако Стеф Кари ја загуби топката во нападот на Вориорс, со неверојатна тројка ги реши домашните.

За Денвер ова беше шеста едноподруго победа на гостувањата и 11-та во последните 13 натпревари. Освен Јокиќ, одличен кај Денвер беше и Арон Гордон со 30 поени, а Џамал Мареј заврши со 25 поени. Кари го предводеше Голден Стејт со 30 поени, а Клеј Томпсон постигна 24 поени.

Се вчитува...