Денвер нагетс поведе со 1-0 во четвртфиналната серија во Западната конференција во плеј-офот во НБА лигата откако вечерва во трилер натпревар по продолженија славеше над ЛА Клиперс со 112-110.
Гостите од Калифорнија подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 27-35. До крајот на првиот дел Нагетс успеаја да намалат половина од негативата и на пауза да заминат со негатива од 49-53.
Во вториот дел двата тима играа во егал, а мечот влезе во неизвесна завршница. Прво Расел Вестбрук погоди тројка за 98-96 за домаќините, по што Џејмс Харден израмни на 98-98, па натпреварот замина во продолженија.
Таму, подобри беа домаќините за конечен триумф од 112-110. Никола Јокиќ со 29 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Џејмс Харден заврши со 32 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА