На крилјата на неверојатниот Леброн Џејмс, Кливленд славеше и во вториот гостински меч против Торонто со 110-128, па поведе со 2-0 во полуфиналната серија на Истокот.
Првото полувреме им припадна на домашните кошаркари кои имаа предност и од +9 поени, но во продолжението комплетно потклекнаа. Неверојатниот Леброн потполно ги уништи. Џејмс на мечот погоди 19 од 28 шута за нешто повеќе од 40 минути игра. Постигна 43 поени, а дополни уште со 14 асистенции и 8 скока.
Одличен беше и Кевин Лав со 31 поен и 11 скока, додека на спротивната страна ДеМар ДеРозан постигна 24 поени.
Бостон исто така поведе со 2-0 во серијата, и тоа по победа со пресврт против Филаделфија од 108-103. Гостите од Филаделфија успеаја да испуштат предност од дури 22 поени, колку што имаа во втората четвртина.
Џејсон Татум со 21 поен го предводеше Бостон, Тери Розие постигна 20 поени а Маркус Смарт – 19 поени. ЏејЏеј Редик на спротивната страна постигна 23 поени, додека Џоел Ембид заврши со 20 поени дополнети и со 14 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА