Неверојатниот Маршан со два златни медали во една вечер на ЛОИ

Леон Маршан го одбележа петтиот ден на пливачкото натпреварување на Летните олимписки игри во Париз. Французинот прво, помалку и неочекувано успеа да стигне до златниот медал на трката на 200 метри пеперутка, каде со одлична завршница го детронизираше актуелниот шампион, Унгарецот Криштоф Милак.

Маршан делницата од 200 метри ја помина за време од 1:51.21 минута што е нов олимписки рекорд, односно четири стотинки побрзо од достигнувањето на Милак од пред три години во Токио.

Вториот златен медал Маршан вечерва го освои на трката на 200 метри градно каде ја уништи конкуренцијата. Тој ја преплива делницата за време од 2:05.85 минути што исто така е нов олимписки рекорд. Сребрениот медал му припадна на Австралиецот, Зек Стаблети Кук, додека со бронза се закити Каспер Корбе од Холандија.

Олимписки рекорд постави и Кејти Ледецки која стигна до златото на 1500 метри слободно. Таа делницата ја исплива за 15:30.02 минути што беше за нешто повеќе од пет секунди од досегашниот рекорд кој исто така беше во нејзина сопственост. Среброто и припадна на Анастасија Кирпичникова од Франција, додека бронзата ја освои Изабел Госе од Германија.

Во неверојатната трка на 100 метри слободно во женска конкуренција до златото стигна легендарната Сара Стјостром, пред Американката Тори Хаски и Шиобан Хауги од Хонг Конг. Големата фаворитка и златна од трката на 200 метри, Австралијката Моли О’Калахан заврши само како четврта. Во машката трка на 100 метри слободно славеше

Се вчитува...