Американецот, Нејтан Чен на убедлив начин стигна до златниот медал во уметничко лизгање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Чен уште по кратката програма каде постави нов светски рекорд со 113.97 поени имаше голема предност, а утрово тоа само го потврди во слободната програма (218.63) и со вкупни 332.60 поени стигна до прво олимписко злато, по трите светски во низа. Со ова одличје тој го расипа јапонското славје, бидејќи дури тројца лизгачи од земјата на изгрејсонцето се најдоа зад Американецот.
Сребрениот медал му придна на Јума Кагава кој заостануваше големи 22 поени зад победникот, додека бронзен беше неговиот сонародник Шуома Уно со заостанување од скоро 40 поени. Двократниот олимписки шампион од игрите во Сочи и Пјонг-Чанг, Јузуру Ханју на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, откако направи голем кикс во кратката програма, кој не успеа да го надополни утрово во слободниот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА