Во ноќта меѓу понеделник и вторник, Вашингтон Капиталс беа домаќини на Анахајм Дакс во главниот град на Соединетите Американски Држави. Како што обично се случува кога играат Капиталс, видовме еден од многуте рекордни настапи на Александар Овечкин. Рускиот хокеар постигна два гола во победата од 7-4 со што испиша нов рекорд.
Рускиот хокеар постигна гол за 5-1, што значеше дека успеа да постигне гол на 349 домашни натпревари. Така, го престигна легендарниот Горди Хау, кој успеа да го направи тоа на 348 натпревари.
На крајот од натпреварот, Овечкин постигна уште еден гол во празната мрежа, што го направи 182. пат во неговата кариера да постигне барем два гола на еден натпревар. Тој се приближи до друг рекорд што го држи Вејн Грецки. Имено, во својата кариера, легендарниот Канаѓанец имаше 189 натпревари во кои постигна барем два гола.
Ве потсетуваме дека минатата година Овечкин го сруши апсолутниот рекорд на Грецки по број на голови во регуларната сезона, а Русинот сега има 914 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

