Неверојатниот рекорд на Антоан Гризман

Франција со синоќешниот триумф во Амстердам над Холандија обезбеди пласман на уште едно големо натпревар, а на дуелот на „Јохан Кројф“ арена во стартниот состав на „триколорите“ повторно се најде Антоан Гризман.

Со тоа, продолжи неверојатната серија што асот на Атлетико Мадрид ја има кога станува збор за настапите за францускиот национален тим. Тој веќе подолго време е рекордер по бројот на натпревари за „триколорите“, синоќешнито дуел му беше 124. за оваа селекција, а неверојатно делува податокот дека тој не пропуштил ниту еден од последните 81 натпревари на Франција.

Серијата трае од летото 2017 година, подолго од шест години Гризман е незаменлив дел од составот на селекторот Дешамп, а го следи и среќа со повредите, па секогаш е максимално подготвен кога станува збор за репрезентативните настапи. Последен пат кога тој не бил на теренот беше пријателскиот меч со Англија на 13 јуни 2017 година, Гризман и тогаш беше на располагање на селекторот, но доби заслужен одмор поради напорната сезона што ја имаше на клупски план, останувајќи на клупата за резерви во текот на сите 90 минути.

Гризман има трофеи од СП 2018 и од Лигата на Нации во 2021 година, а за репрезентацијата на Франција веќе има постигнато 44 погодоци.

Се вчитува...