Неверојатниот Шортс „експлодираше“ против Асвел: Магични потези, неверојатен дабл-дабл… (ВИДЕО)

Евролигашкото дерби помеѓу Париз и Авсел во одбележа 19. коло од француското првенство, а во него тимот од главниот град на Франција славеше со убедливи 111-96 и тоа на крилја на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс.

Бекот оствари неверојатен далб-дабл учинок од 30 поени и 12 асистенции на кој додаде и пет скокови. Македонскиот репрезентативец ги излуди своите противници со неверојатни потези и поени со звукот на сирената како тој за крај на првото полувреме.

QT4 – 3’21@ParisBasketball 100@LDLCASVEL 93 pic.twitter.com/0XI6G4EB3h

Се вчитува...