Неверојатниот Суарез го урна рекордот на Роналдо!

Атлетико Мадрид синоќа само ремизираше против Селта Виго. Конечниот резултат беше 2:2, а Луис Суарез повторно прикажа одлична игра, постигнувајќи два гола за клубот од Мадрид, а на тој начин сруши рекорд на одличниот КР7. Суарез постигна 16 голови на првите 17 првенствени натпревари за Атлетико. Така, тој стана играч кој постигнал најбрзо 16 голови во една фудбалска Лига во 21 век.

Уругваецот го сруши рекордот на Кристијано Роналдо, кој постигна 15 гола на првите 17 натпревари за Реал во сезоната 2009/10.

Роналдо досега го држеше овој рекорд, но Суарез реши да направи вистинско мало чудо и да го сруши овој подвиг на играчот на Јувентус. Атлетико во моментов е лидер на табелата во Примера со осум бода предност пред Барселона и Реал.

Се вчитува...