Неверојатниот Тадеј Погачар испиша нова историја

Фантастичниот Словенец Тадеј Погачар ја освои Трката околу Фландрија и стана првиот велосипедист по Еди Меркс кој ги освои првите два Монументала на почетокот на сезоната.

Откако пред две недели славеше на трката Милано-Сан Ремо, Погачар денес триумфираше и во Фландрија, потврдувајќи дека е во врвна форма пред најважните трки во годината.

Тој стигна до целта 34 секунди пред Метју ван дер Пол, додека Ремко Евенепул заостануваше една минута и 11 секунди. Ова е негова трета победа во Фландрија, а импресивно е што победи на 11 од последните 12 Монументали.

 

Се вчитува...