Неверојатниот Уертас на 41-годишна возраст е МВП на кошаркарската ЛШ

Поранешниот бразилски репрезентативец, а сегашен член на Тенерифе, Марселињо Уертас е прогласен за најкорисен играч на кошаркарската Лига на Шампиони само ден откако го предводеше својот тим до финале во натпреварувањето.

Уертас на 42-годишна возраст во просек бележеше 16.5 поени и 7.4 асистенции со што беше клучен фактор за шпанскиот тим да се избори за нова битка за трофеј.

За Бразилецот тоа е второ МВП призниание по низа откако и претходната сезона ја доби престижната награда во истото натпреварување.

Се вчитува...